Политика за приватност
- Со оваа Политика за приватност на BePay се уредуваат начините на кои се собираат, одржуваат и откриваат податоците собрани од посетителите на веб страницата www.bottegaeventi.com (во понатамошниот текст: Веб страница) и апликацијата BePay
- Оваа Политика за приватност се однесува исклучиво на корисниците на Веб страницата. Доколку на Веб страницата е содржан линк кој ќе Ве поврзе со други веб страници, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие интернет страни.
- Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку Е-commerce терминал од Халк Банка АД Скопје и во целост ќе биде процесирана од страна на овластено друштво за процесирање на онлајн плаќање.
- Посетата на нашата Веб страница e анонимна. Ние ги собираме личните идентификациски информации од посетителите само доколку тие самите се согласат да ги достават таквите податоци до нас преку пополнување на формуларот за регистрација за купување од нашата интернет продавница.
- Со користење на нашата Веб страница, Вие се согласувате со одредбите од оваа Политика за приватност на личните податоци на страницата. Доколку не се согласувате со оваа Политика, Ве молиме да не ја користите нашата страница.
- Доколку се регистрирате за онлајн купување, сите лични податоци кои ќе ги внесете преку формата за регистрација, ќе се користат исклучиво за потребите на процесирање на Вашата нарачка.
- При вршење на регистрација, од Вас ќе бидат побарани следниве податоци:
- име и презиме
- e-mail адреса (адреса за е-пошта)
- телефон за контакт
- Податоците кои ги собираме се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија.
- Вашите лични податоци нема да бидат продавани, разменувани, изнајмувани или споделувани со други физички или правни лица, органи на државна власт или други тела, освен во случаи утврдени со закон.
- Нашата Веб страница ги презема сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална нивна злоупотреба.
- Нашата Веб страница може да користи колачиња („Cookies“) за да се подобри корисничкото искуство. „Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на посетителот од страна на веб серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени само за потребите на веб услугата и тоа на начин на кој Вашата приватност нема да биде загрозена. Секој посетител ја има можноста да избере и да го подеси својот пребарувач на интернет да ги одбие колачињата или да јави предупредување секогаш кога ќе се пратат колачиња. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено.
- Оваа Политика за приватност се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на ( вметнете го линкот од веб страната). Други веб страни кои може да бидат пристапени преку линкови од нашата веб страна може да имаат сопствени политики за приватност. Доколку преку линк на нашата веб страна пристапите до друга веб страна Ве повикуваме да ги видите политиките за приватност на таа веб страна. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица.
- Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката. Податоците за купувачите се чуваат во рок од 30 дена од денот на поднесено барање за бришење на податоците од корисникот.
- Организаторот не дозволува користење на веб страната на малолетници и таквата употреба е забранета. Со користењето на нашата веб страна изјавувате дека сте возрасно лице со наполнети 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетно лице за да може да креирате профил и вршите купувања на билети. Доколку дојдеме до знаење дека профилот е регистриран од купувач кој нема 18 години веднаш ќе го отстраниме профилот и податоците поврзани со него.
- Вашите права во врска со политиката за приватност се:
- Право да бидете информирани за обработката на личните податоци
- Право на пристап до личните податоци
- Право на исправка и бришење на личните податоци
- Право на ограничување на обработката на личните податоци
- Право на приговор
- За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Христијан Мицевски на следниов е-маил: hristijan@bottegaeventi.com
- Во секое време можете да поднесете барање и до Агенцијата за заштита на лични податоци за вашите права.
- Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности, за што ќе стои видливо известување на нашата веб страна.
Контакт
Контакт броеви
Испратете E-mail
© 2025 Ботега Евенти. Сите права задржани.
Designed & Developed by 

Fusion Forge Tech