Услови за користење
1. Општи услуги
BePay e современ тикетинг систем кој, oвозможува и спроведува продажба на производи/услуги како посредник во име и за сметка на Организаторот на настани преку интернет страницата www.bottegaeventi.com/tickets и поврзаната апликација BePay Која може да се преземе од PlayStore и АppStore.
Системот BePay е наменет за Организаторите на настани како што се фестивали, концерти, конференции, претстави, натпревари и слични настани, за да се воспостави брза, лесна и безбедна конекција/ поврзаност Купувачите – кои ќе купат билет - право на пристап/учество на таков настан преку Системот BePay.
Исто така, системот BePay е наменет и за Купувачите кои сакаат да набават билети - право на пристап на одреден настан според својот избор и за тој пристап им е потребен билет со кој ќе се идентификуваат на денот на настанот пред Организаторот. Системот BePay е, затоа, наменет и за Купувачите на начин што за нив врши услуга на генерирање и издавање на билети за пристап на избраниот настан на Организаторот.
Организатор е секој посетител на системот BePay кој успешно ќе го креира својот настан/производ/услуга/ во системот BePay со цел промоција и/или продажба на наведениот настан/ производ/услуга/.
Купувач е секој посетител на системот BePay преку интернет страницата www.bottegaeventi.com/tickets и поврзаната апликација BePay кој доаѓа со намера да се информира и/или купи производ/услуга понудена на системот BePay.
Корисник е секој посетител на системот BePay, вклучувајќи ги Организаторот и Купувачот.
Овој документ претставува електронски договор помеѓу BePay и Корисникот и со неговото користење, двете страни го прифаќаат сите права, обврски и одговорности наведени во него.
2. Регистрација на кориснички профил
За купување на било кој производ или услуга понудени на системот BePay, од Корисникот се бара претходно отворање на кориснички профил (регистрација).
Отворањето на корисничкиот профил е неопходно за да Корисникот има лесен и едноставен пристап до неговите нарачки, преглед на претходните купувања, како и за лесно управување со своите нарачки.
Со регистрацијата, односно отворањето на корисничкиот профил, купувањето или преземањето на билети на системот BePay, се смета дека Корисникот целосно ја прочитал, разбрал и прифатил оваа политика на продажба согласно овие Општи услови за користење.
3. Промена на општи услуги
BePay го задржува правото во било кое време, и без претходно известување, ако смета дека е потребно да ги поништи или измени овде наведените услови на продажба. Затоа, им препорачуваме на Корисниците пред секое користење да ги прочитаат информациите содржани во условите на продажба за да останат информирани за таквите промени. Нагласуваме дека ако дојде до промени во условите на продажба и Корисникот продолжи да го користи системот BePay, се подразбира дека ги прочитал, разбрал и прифатил новите услови во целост.
4. Услуга за купување од Организаторот и Генерирање и издавање на билети
BePay не е сопственик, на производите/услугите што промотивно ги нуди преку своjaта страна и апликација, па затоа не може да биде одговорен за потенцијалните недостатоци или било какви други проблеми што можат да настанат при користењето на услугите што ги нуди.
BePay е посредник во продажбата на билети и други производи/услуги за Организаторите и промотори на настани.
Билетот купен на системот BePay се издава на име на Купувачот или име кое Купувачот ќе го наведе, а сопственоста е целосна на Организаторот и истиот служи како доказ за купување на одреден производ или услуга.
Системот BePay исклучиво претставува електронска платформа за овозможување на купување на настани/производи/услуги на Организаторите кои промотивно се нудат преку Страната/Системот/Апликацијата на BePay, и истовремено, BePay преку Системот им нуди на Купувачите услуга за издавање билети кои вообичаено се користат како легитимација за присуство на настанот на Организаторот на денот на настанот.
Условите наведени покрај описот на настанот што го нуди Организаторот преку Системот BePay претставуваат понуда за склучување договор што Купувачот ја прифаќа со купување на услугата користејќи го Системот BePay, а за која понуда BePay не е одговорен и сите услови на истата се одредени исклучиво од Организаторот. Според тоа, Купувачот со прифаќањето на понудата на Организаторот која е наведена во Системот BePay, склучува договор за купопродажба со Организаторот и станува договорна страна во тој правен однос.
Истовремено, Купувачот склучува и договор за користење на системот BePay како пружател на услугата за генерирање и издавање на билет за присуство на настанот и истиот е согласен со овие Општи услови за користење.
За услугата на генерирање и издавање на билети, BePay наплаќа надоместок за истата услуга. Наведениот надоместок е вкалкулиран во билетот и претставува неповратен надоместок, освен во случај на откажан настан. BePay ќе издаде потврда за примените средства на Купувачот која ќе му биде испратена на е-маил адресата што Купувачот ја навел при отворањето на корисничкиот профил на Системот BePay.
5. Плаќање /Наплата
BePay му овозможува на корисникот купување преку банкарски картички. Услугата за процесирање на плаќањето ја врши преку E- Commerce терминал за наплата на Халк Банка АД Скопје.
Врз основа на поставките на соодветниот настан, плаќањето на производи/услуги на системот BePay е возможно со следните картички:
- American Express®
- MasterCard®
- Maestro®
- Visa (и Visa Electron)
- Diners
Плаќањето за сите производи и/или услуги мора да се направи со следење на инструкциите на тикетинг системот BePay.
Цените на производите и/или услугите се подложни на промени во секое време, но промените нема да влијаат на договорите кои се во сила. Цените на услугите се изразени во денари со вклучен ддв 18%.
6. Испорака на билети
По успешното купување, билетите од BePay ќе бидат достапни за Корисникот во дигитален облик во неговиот кориснички профил на системот BePay и испратени на неговата е-mail адреса.
7. Користење на билети
Купувачот е должен да ги чува купените билети од BePay, нивните сериски броеви и баркодови и не смее да ги дава на трети лица.
Ниту BePay ниту Организаторот не се одговорни за украдени, изгубени, уништени или копирани билети од BePay.
Купувачот е свесен дека ако некој му украде цел билет од BePay или неговиот сериски број односно баркод, Организаторот во некои случаи не може да знае дека тој билет е украден и ќе се смета дека првата личност која ќе влезе на настанот со тој билет, неговиот сериски број или баркод - има валиден билет.
При влезот на настанот, Организаторот може да ја провери валидноста на билетите на Купувачот на еден од следните начини:
- Проверка на личен документ на Купувачот
- Визуелна проверка на испечатениот билет од BePay
- Проверка на билетот од BePay на мобилниот телефон на Купувачот
- Проверка на кодот на билетот (баркод, QR код и сл.) преку посебен читач
Бидејќи билетот од BePay служи како потврда за купување, во некои случаи Купувачот ќе мора пред влезот на настанот да го замени билетот од BePay со печатен билет. Иако BePay се труди да го олесни и поедностави процесот на влез на настанот, како за Купувачот така и за Организаторот, контролата на влезот е исклучиво во надлежност на Организаторот и BePay не е одговорен за тој процес, доколку не е поинаку договорено помеѓу Организаторот и Bepay.
Репродукција, препродажба или трговија со Билети од/со трети лица е строго забранета.
Секој обид за употреба на Билетот кој не е во согласност со овие услови и правила ќе резултира со престанок на валидноста на тој Билет.
8. Политики за Рефундирање
Враќање на сумата на пари наплатена за право на влез на настанот (билет) е можно исклучиво во случај на откажување на настанот од страна на Организаторот.
BePay не e организатор на самите настани и не може да влијае на нивната организација. Од таа причина, BePay не е одговорен за враќање на парите, туку тоа е во надлежност на Организаторот.
Сепак, BePay ќе направи сè што е можно да во договор со Организаторот осигура враќање на парите на Купувачот во случај на одложување, откажување на настанот или значителна промена во програмата. BePay не е должен да ги извести Купувачите за настапените промени како одложување или откажување на настанот, освен ако не е поинаку договорено со Организаторот.
Купувачот нема право на повлекување - едностран раскин на Договорот (враќање на пари).
Надоместокот за издавање на билет наплатен од страна на BePay е неповратен, дури и во случај на откажување на настанот, бидејќи услугата за генерирање и издавање на билет од страна на BePay е целосно обезбедена, дури и во случај на откажување на настанот, за чие откажување BePay под никакви околности не може да биде одговорен. Организаторот со прифаќање на овие услови потврдува дека ја разбира оваа одредба и дека нема да биде во можност да оствари враќање на средствата за генерирање и издавање на билет во случај на откажување на настанот или раскин на неговиот договор со Организаторот по било каква друга законска причина.
Кога ќе се договори враќање на пари за откажан настан, BePay, во зависност од начинот на купување/плаќање, ќе ја врати сумата на цената на билетот намалена за придружните трошоци (трошоци за достава, трансакција, услуги итн.) на кредитната картичка или банкарскaта сметка на Организаторот.
За рефундирање на вашите средства контактирајте не на следната е-маил адреса: bepay@bottegaeventi.com Ако настанот не се одржал односно ако Купувачот не го добил платениот производ/услуга, Купувачот е должен да го извести BePay најдоцна во рок од седум (7) дена по предвидениот почеток на настанот. Ако Купувачот не го извести BePay во наведениот рок за настaнатата ситуација ќе го изгуби правото на враќање на пари.
За сите дополнителни прашања и информации Купувачот може да се обрати на следнава е-маил адреса bepay@bottegaeventi.com
Контакт
Контакт броеви
Испратете E-mail
© 2025 Ботега Евенти. Сите права задржани.