SKOPJE WHISKEY
FESTIVAL

06 - 08 Ноември 2025
Фестивалите за дегустација на виски се вообичаени во светските метрополи, а во 2019 година и Скопје стана дел од оваа мапа. Скопје Виски Фест не е само фестивал на виски, туку и празник за хедонистите, кој го подобрува расположението на публиката и се позиционира како значаен фестивал во регионот. Целта на фестивалот е да го подигне нивото на виски културата и да го поддржи виски сегментот во Македонија, истовремено обогатувајќи го секојдневието со едукација за виски.
На Скопје Виски Фест, посетителите можат да дегустираат различни брендови на виски од светски дестилерии, како и американски бурбони, шкотско, ирско и јапонско виски. Фестивалот привлекува љубители на виски, урбани луѓе, HoReCa секторот и бизнис заедницата. – Минатата година, фестивалот го посетија повеќе од 1500 посетители. Освен виски, изложени се и комплементарни производи како чоколади, апетисани и неалкохолни пијалоци.
Професионалци од увозниците презентираат брендови и карактеристики на виски, додека мастер класовите се водат од регионални и интернационални виски амбасадори. Фестивалот промовира општествени принципи, вклучувајќи виски патроли кои даваат препораки за оставување на возила. Отворените флаши се аукционирани, а средствата се донираат за хуманитарни цели. Во духот на одржливост, стаклената амбалажа се рециклира.
Програма
Четврток, 6ти Ноември
WHISKEY MUSIC SELECTION BY IVAN DIMITRIJEV
„СТРУЧНАК ЗА ВИСКИ” – STAND UP CO НИКОЛА-НИЦО
ПОЛИНА ТАСЕВА
Петок, 7ми Ноември
WHISKEY MUSIC SELECTION BY IVAN DIMITRIJEV
MASTERCLASS – PAUL SFIRLEA – SINGLETON MULTISENSORY MASTERCLASS
SOUTH PARK
АЛЕК СОЛТИРОВ
Сабота, 8ми Ноември
WHISKEY MUSIC SELECTION BY IVAN DIMITRIJEV
MASTERCLASS – MAREK BILSKI – THE ART OF MATURATION: A JOURNEY THROUGH THE MACALLAN SHERRY OAK
WHY NOT
FUNKIN BLUE
HUMANITARIAN WHISKEY AUCTION – LAST DEGUSTATOR
Најчесто поставувани прашања
1. Што е BePay?
BePay е современ систем за онлајн продажба на билети за различни настани, организирани од страна на Организатори на настани, концерти, фестивали и сл.
2. Дали морам да се регистрирам за да купам билет преку BePay?
За да извршите успешно купување на билет преку системот/апликацијата на BePay мора да се регистрирате со ваш кориснични профил. Целта на регистрацијате е полесно управување со вашите нарачки.
3. На што треба да внимавам при регистрацијата на BePay?
Ве молиме да обрнете внимание на внесување на точни податоци, особено точно внесување на вашата е-маил адреса.
4. Што се случува доколку купам билет преку BePay системот а не добијам известување за успешна нарачка?
Доколку купите билет преку системот на BePay, а не добиете повратен е-маил за успешна нарачка ве молиме веднаш да не контактирате на е-маил: bepay@bottegaeventi.com и образложете ја ситуацијата. Нашиот тим ќе ви одговори во најбрз можен рок.
5. Што да направам доколку успешно купив билет, но на мојата е-маил адреса не пристина ништо ?
Доколку Вашата трансакција е успешна, а билетите не Ви се пристигнали, Ве молиме контактирајте не на bepay@bottegaeventi.com и образложете ја ситуацијата. Нашиот тим ќе ви одговори во најбрз можен рок.
6. Дали ќе добијам физичка карта за присуство на настан?
Електронската карта која ви пристигнува на вашиот е-маил е валиден билет за влез на настан.
Доколку организаторот на настанот има превидено физичка карта за настанот тогаш вашата електронска карта ќе биде скенирана на влез на настанот и заменета со физичка карта.
7. Доколку настанот е откажан дали имам право на рефундирање на средствата?
Доколку настанот од било кој причина е откажан од страна на Организаторот ќе можете да добиете рефундирање на средствата на вашата сметка во рок од 14 работни дена. Во случај на било какви компликации и задоцнувања, Ве молиме за трпение. Доколку упатите барање за рефундирање на средствата на е-маил bepay@bottegaeventi.com или доколку не упатите барање за рефундирање на средствата истите ќе стојат на вашиот кориснички профил и ќе може да ги искористите на некој следен настан во рок од една година од денот на откажаниот настан.
8. Доколку настанот е одложен дали имам право на рефундирање на средствата?
Доколку настанот е одложен од било каква причина од страна на Организаторот средствата за купен билет нема да се рефундираат. Купените билети ќе важат за одложениот датум.
9. Доколку имам купено билети, но не сакам или не можам да присуствувам на настанот, дали може да ги заменам или вратам?
Рефундација или замена НЕ Е ВОЗМОЖНА во ниеден случај освен во случај на откажан настан! Доколку настанот не е откажан, не постои начин да се заменат/вратат билетите.
Whiskey Брендови
СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ПРЕД ДА ГО ПОСЕТИТЕ SKOPJE WHISKEY FEST ‘25
1. Чаша за Дегустација.
2. Организирајте го вашето време посветено на вискито!
3. Облечете се соодветно –“Dress to Impress”
4. Картата е за настанот,а не за тоа колку може да испиете
5. Останете хидрирани - пијте доволно количество на вода!
6. Подгответе се
По правило организаторите мора да се осигураат дека посетителите нема да пијат премногу. Доколку одговорните приметат дека имате испиено премногу ќе бидете замолени да го напуштите настанот. Во таков случај средствата за картата нема да ви бидат рефундрани.
Уште еден добронамерен совет: Немојте да конзумирате алкохол, ни во најмали количини, пред да го посетите настанот.
7. Разгледајте што друго ќе се случува.
8. Истражете претходно!a
9. Не бидете ТОЈ ТИП НА ДЕЧКО / ДЕВОЈКА...
10. Поставувајте прашања.
Добронамерен совет: Понекогаш со вашата љубезност и заинтересираност може да заработите "тајна доза" за дегустација на некое специфично виски од страна на изложувачите.
11. Ширете познанства.
12. Дајте им шанса на сите брендови.
Архива од претходни години

Скопје Виски Фестивал 2024

Skopje Whiskey Fest 2023
