Logo

SKOPJE WHISKEY

FESTIVAL

event-hero-image

31 Октомври
01 - 02 Ноември 2024

Фестивалите за дегустација на виски се вообичаени во светските метрополи, а во 2019 година и Скопје стана дел од оваа мапа. Скопје Виски Фест не е само фестивал на виски, туку и празник за хедонистите, кој го подобрува расположението на публиката и се позиционира како значаен фестивал во регионот. Целта на фестивалот е да го подигне нивото на виски културата и да го поддржи виски сегментот во Македонија, истовремено обогатувајќи го секојдневието со едукација за виски.

На Скопје Виски Фест, посетителите можат да дегустираат различни брендови на виски од светски дестилерии, како и американски бурбони, шкотско, ирско и јапонско виски. Фестивалот привлекува љубители на виски, урбани луѓе, HoReCa секторот и бизнис заедницата. - Минатата година, фестивалот го посетија повеќе од 1500 посетители. Освен виски, изложени се и комплементарни производи како чоколади, апетисани и неалкохолни пијалоци.

Професионалци од увозниците презентираат брендови и карактеристики на виски, додека мастер класовите се водат од регионални и интернационални виски амбасадори. Фестивалот промовира општествени принципи, вклучувајќи виски патроли кои даваат препораки за оставување на возила. Отворените флаши се аукционирани, а средствата се донираат за хуманитарни цели. Во духот на одржливост, стаклената амбалажа се рециклира.

КУПИ КАРТИ

Карта за Четврток
31-10-2024
19:00 - 00:00
i

900 ден.

Опис
Додатоци
  • Картата вклучува влез на фестивалот за еден ден, алка за влез, брендирана чаша за дегустација и 300 кредити (300 ден.)
  • Виски дегустацијата е 30мл.
  • Можност за набавка на дополнителни кредити за дегустација на самиот настан.
Карта за Петок
01-11-2024
18:00 - 00:00
i

900 ден.

Опис
Додатоци
  • Картата вклучува влез на фестивалот за еден ден, алка за влез, брендирана чаша за дегустација и 300 кредити (300 ден.)
  • Виски дегустацијата е 30мл.
  • Можност за набавка на дополнителни кредити за дегустација на самиот настан.
Карта за Сабота
02-11-2024
18:00 - 00:00
i

900 ден.

Опис
Додатоци
  • Картата вклучува влез на фестивалот за еден ден, алка за влез, брендирана чаша за дегустација и 300 кредити (300 ден.)
  • Виски дегустацијата е 30мл.
  • Можност за набавка на дополнителни кредити за дегустација на самиот настан.
Дозволено е максимум 4 карти за секој ден посебно. Бонус кредитите се добиваат при влез (check-in) на настанот.
Плаќање со платежна картичка или со кредити.
Halkbank SkopjeVisa SecureMastercard ID Check

Најчесто поставувани прашања

1. Што е BePay?

BePay е современ систем за онлајн продажба на билети за различни настани, организирани од страна на Организатори на настани, концерти, фестивали и сл.

2. Дали морам да се регистрирам за да купам билет преку BePay?

За да извршите успешно купување на билет преку системот/апликацијата на BePay мора да се регистрирате со ваш кориснични профил. Целта на регистрацијате е полесно управување со вашите нарачки.

3. На што треба да внимавам при регистрацијата на BePay?

Ве молиме да обрнете внимание на внесување на точни податоци, особено точно внесување на вашата е-маил адреса.

4. Што се случува доколку купам билет преку BePay системот а не добијам известување за успешна нарачка?

Доколку купите билет преку системот на BePay, а не добиете повратен е-маил за успешна нарачка ве молиме веднаш да не контактирате на е-маил: bepay@bottegaeventi.com и образложете ја ситуацијата. Нашиот тим ќе ви одговори во најбрз можен рок.

5. Што да направам доколку успешно купив билет, но на мојата е-маил адреса не пристина ништо ?

Доколку Вашата трансакција е успешна, а билетите не Ви се пристигнали, Ве молиме контактирајте не на bepay@bottegaeventi.com и образложете ја ситуацијата. Нашиот тим ќе ви одговори во најбрз можен рок.

6. Дали ќе добијам физичка карта за присуство на настан?

Електронската карта која ви пристигнува на вашиот е-маил е валиден билет за влез на настан.
Доколку организаторот на настанот има превидено физичка карта за настанот тогаш вашата електронска карта ќе биде скенирана на влез на настанот и заменета со физичка карта.

7. Доколку настанот е откажан дали имам право на рефундирање на средствата?

Доколку настанот од било кој причина е откажан од страна на Организаторот ќе можете да добиете рефундирање на средствата на вашата сметка во рок од 14 работни дена. Во случај на било какви компликации и задоцнувања, Ве молиме за трпение. Доколку упатите барање за рефундирање на средствата на е-маил bepay@bottegaeventi.com или доколку не упатите барање за рефундирање на средствата истите ќе стојат на вашиот кориснички профил и ќе може да ги искористите на некој следен настан во рок од една година од денот на откажаниот настан.

8. Доколку настанот е одложен дали имам право на рефундирање на средствата?

Доколку настанот е одложен од било каква причина од страна на Организаторот средствата за купен билет нема да се рефундираат. Купените билети ќе важат за одложениот датум.

9. Доколку имам купено билети, но не сакам или не можам да присуствувам на настанот, дали може да ги заменам или вратам?

Рефундација или замена НЕ Е ВОЗМОЖНА во ниеден случај освен во случај на откажан настан! Доколку настанот не е откажан, не постои начин да се заменат/вратат билетите.

Програма

Наскоро...

Whiskey Брендови

Наскоро...

СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ПРЕД ДА ГО ПОСЕТИТЕ SKOPJE WHISKEY FEST ‘24

Виски Фестивалите се оддржуваат скоро во сите поголеми метрополи од нашето опкружувањеи глобално. Оваа есен во Скопје ќе се одржи четвртото издание на Skopje Whiskey Fest. Посетителите може да дегустираат голем број на виски пијалоци и останати алкохолни пијалоци од палетата на сите поголеми дистрибутери кај нас -некои се добро познати за публиката, а некои се ретки и специфични и со сигурност ќе побудат особен интерес кај познавачите на виски пијалоците и ентузијастите. Наша должност како организатор е да се обидеме да ви дадеме неколку насоки, совети и предлози за максимално да уживате при посетата на овој Skopje Whiskey Fest.

1. Чаша за Дегустација.

Со секоја купена влезница добивате една избрендирана стаклена чаша за дегустација. Количината за дегустација е 30мл– доволно да се проба одреден вид на виски. По секоја дегустација замолете ги презентерите да ви ја исплакнат вашата чаша за да избегнете мешање на вкусови. Помеѓу дегустациите обидете се да пиете доволна количина на вода која ќе биде реаспределена на одредени пунктови во салата каде се оддржува фестивалот. Чувајте ја својата чаша за дегустација во текот на фестивалот и слободно понесете ја со вас дома како сувенир од Skopje Whiskey Fest.

2. Организирајте го вашето време посветено на вискито!

Со разновидната понуда и програма која ќе биде најавена ќе сакате да го искористите вашето време најдобро што можете. Подгответе се за многу едукација, конверзација и забава на овие фестивалски дена.

3. Облечете се соодветно –“Dress to Impress”

По дефиниција секој виски фестивал претставува луксуз сам по себе. Пожелно е да пристапите со стил кон ова случување. Ве молиме да бидете соодветно облечени, најмалку `smart casual`. Не мора да носите смокинг, но во некоја мера облеката треба да соодветствува со настанот. Да се постапи поинаку би било знак на непочитување на останатите посетители и изложувачите.

4. Картата е за настанот,а не за тоа колку може да испиете

Свесни сме дека понекогаш има луѓе кои велат дека ќе конзумираат и повеќе од колку што можат да поднесат само затоа што платиле влезница. Наместо тоа, размислете дека плаќате за можноста да ги дегустирате сите овие производи на едно пријатно место и да се запознаете одблиску со обучени професионалци кои ќе ве воведат во светот на виски пијалоците.

5. Останете хидрирани -пијте доволно количество на вода!

За ова не би требало да ве потсетуваме. Иако дозата за дегустација е 30 мл, сепак тоа е многу алкохол. Пијте доволно количество на вода помеѓу дегустациите или ставете мало количество на вода во вашето виски за да ги ослободите специфичните ароми на самиот пијалок.

6. Подгответе се

Целта на фестивалот не е во тоа колку може да се испие туку колку можете да уживате во нешто ново. Во преден план е дегустацијата, а не пиењето. Пробајте колку можете, потоа одберете кој бренд најмногу ви лежи и уживајте во него.
По правило организаторите мора да се осигураат дека посетителите нема да пијат премногу. Доколку одговорните приметат дека имате испиено премногу ќе бидете замолени да го напуштите настанот. Во таков случај средствата за картата нема да ви бидат рефундрани.
Уште еден добронамерен совет: Немојте да конзумирате алкохол, ни во најмали количини, пред да го посетите настанот.

7. Разгледајте што друго ќе се случува.

Виски фестивалите имаат разновидна програма, од штандови каде што има специфична храна до музика во живо. Ако се пие виски постојано неколку часа, не е на арно. Наместо тоа, направете пауза и разгледајте што друго се случува во салата.

8. Истражете претходно!

Бидејќи бројот на изложувачи и брендови може да биде огромен ве советуваме да ги истражите брендовите пред посетата на настанот.Учесниците и брендовите ќе бидат истакнати на посебниот web site за фестивалот. Информативен флаер или каталог со целата понуда на пијалоци ќе добиете пред почетокот на настанот. Може да присуствувате и на некои од организираните мастеркалсови во посебни простории во мали групи до 25 учесници.

9. Не бидете ТОЈ ТИП НА ДЕЧКО / ДЕВОЈКА...

Немојте да одите преку ред и да барате да ве послужат од најскапото / најстарото виски “што го имате”. На тој начин не покажувате почит кон изложувачите, брендот и останатите посетители. Цената и староста не се секогаш одлучувачки критериуми за квалитетот на вискито. Затоа бидете трпеливи и чекајте да дојде вашиот ред. Поставете неколку прашања за понудата која ја има изложувачот. Земете ја вашата чаша за дегустација, повлечете се и уживајте.

10. Поставувајте прашања.

Поголем дел од изложувачите имаат искусен кадар кој ќе работи позади штандовите. Тие се таму за да ве едуцираат. Прашајте за историјата на пијалокот кој го дегустирате, што е она што го прави тој бренд посебен.
Добронамерен совет: Понекогаш со вашата љубезност и заинтересираност може да заработите "тајна доза" за дегустација на некое специфично виски од страна на изложувачите.

11. Ширете познанства.

Освен изложувачите и голем број од посетителите на ваков тип на фестивали имаат завидно познавање од областа. Фестивалот ви нуди можност за запознавање на нови пријатели кои несебично ќе го споделат нивното искуство со вас. Skopje Whiskey Fest е место каде се разменува знаење и каде ќе се остваруваат нови пријателства.

12. Дајте им шанса на сите брендови.

Веќе сигурно знаете кој е вашиот омилен бренд на виски. Но секако дајте им шанса и на не толку познатите брендови кои можеби ќе ве изненадат со својот квалитет и приказна.

Архива од претходни години

Скопје Виски Фест 2023

Скопје Виски Фест 2022

Дали имате 18+ години?

Контакт

Услуги:

Општо

Општо

Организација

Изнајмување

Кетеринг

Маркетинг