Во последните години Боттега Евенти го применува иновативниот пристап при организацијата на настани. Со својот самонаречен

СУПЕРЛАБ дел, Боттега Евенти навлегува во една нова експериментална фаза.

Во 2017 година Боттега Евенти за прв пат на своите настани ги презентира новите суперсонични машинки Le Whaf набавени од

лабараторија во Парис кои овозможуваат незаборавен molecular experience – дегустација на пијалоци (алкохолни и безалкохолни коктели)

во гасовита агрегатна состојба, формирање на “clouds of flavors” заробени во чаша и истовремено конзумирање на 0 калории.

Во истиот период спонтано се развива соработката со домашни професори – експерти во полето на Молекуларна Гастрономија.

Заеднички ја развиваме платформата за молекуларни event перформанси.

“Les Scientists” го нарековме тимот од научници кој ја подготвува и презентира на светлосни подлоги молекуларната храна и пијалоци на

настани. Интеракцијата која се одвива помеѓу посетителите на настанот и “Les Scientists” е всушност едно незаборавно искуство кое ѓи

вклучува сите сетила за перцепција и доживување на нешто несекојдневно.

Оваа платформа се покажа како успешна формула и сеуште функционира и воведува иновации.